ENGAGE YOUTH 2023

Младински образовен форум и Радио МОФ ве покануваат на првиот ENGAGE Youth за оваа година.
На 31 март (петок) 2023 година со почеток во 13:00 часот, во дворот на Младински образовен форум и Радио МОФ, млади активисти ќе споделат знаења и искуства на теми поврзани со граѓанска ангажираност, родова еднаквост, активизам и култура во нивните локални заедници.
Со 4 говорници ENGAGE Youth ќе обезбеди едукација, интеракција и инспирација за млади, групи и организации чија цел е да го подобрат општеството.
Настанот е поддржан од National Endowment for Democracy, а организиран од Младински образовен форум и Радио МОФ.
Повеќе информации се достапни тука.

Сподели на