UPSHIFT-ЦИКЛУС 5 ПОВИК ЗА ЕКО-ПРОЕКТИ

LEAD – Leaders for Education, Activism and Development објавува повик за средношколци за дигитални еко-решенија ДИГИТАЛНИ решенија за проблеми/предизвици поврзани со ВОДА, ВОЗДУХ, ЕНЕРГИЈАТА или ПОЧВА.

Дигиталните технологии нудат потенцијал да обезбедат одржливи решенија за многу од навидум нерешливите општествени предизвици поврзани со климатските промени.

Во рамките на овој циклус, тимовите составени од средношколци треба да достават ДИГИТАЛНИ решенија за проблеми/предизвици поврзани со ВОДА, ВОЗДУХ, ЕНЕРГИЈАТА или ПОЧВА вклучувајќи:
➡️Предизвици/проблеми и предлог решенија насочени кон следење, прочистување и подобрување на квалитетот на водата, воздухот и почвата.
➡️Предизвици/проблеми и предлог решенија насочени кон следење на потрошувачката на вода и енергија
➡️Предизвици/проблеми и предлог решенија насочени кон одговорно користење на водата, воздухот, почвата и енергијата.
➡️Предизвици/проблеми и предлог решенија насочени кои не придонесуваат за зголемување на емиссите на C02 или отпаден материјал.
➡️Други предизвици и решенија поврзани со ВОДА, ВОЗДУХ, ЕНЕРГИЈАТА или ПОЧВА во насока на климатските промени и заштитата на животната средина.
Услови за аплицирање:
✔️Повикот е отворен за сите средношколци на возраст од 14 до 19 години кои се дел од средните училишта во нашата земја.
✔️Секој тим мора да биде составен од 5 члена од кои најмногу 3 члена можат да бидат од ист пол. Тимовите силно се охрабруваат да вклучат ученици од маргинализираните групи (ученици од социјално загрозени семејства, ученици со попречености и сл.)
✔️Два и повеќе тима од исто училиште е возможно да аплицираат само доколку сите членови на тимовите се различни.
Од пристигнатите апликации, ќе бидат селектирани 10 финалисти врз основа на критериумите наведени на официјаната веб страна на UPSHIFT: https://upshift.lead.org.mk/ciklus-5-digitalizacija/
Рокот за поднесување апликации е до 2 април 2023.
Повеке инфромации можете да пронајдете тука.

Сподели на