EBEC 2021 – Европски БЕСТ Инженерски Натпревар

Се надеваме дека останувате позитивни и тестирате негативно бидејќи е време да се подготвите за најдобриот инженерски натпревар – EBEC 2021!
Оваа година БЕСТ Скопје со задоволство Ви го претставува првото виртуелно издание на EBEC кој ќе се одржи од 08.03.2021 до 19.03.2021 и ќе биде во склоп на “Недела на инженерство”. Целта на овој натпревар, како и секоја година е да Ви овозможи на Вас, студентите, забавен начин да ги испробате Вашите инженерски способности како и да се приближите до компаниите во Вашата струка. 
Годинава во услови на пандемија, натпреварот ќе се одржува онлајн, но ќе го задржи форматот на категориите кои се досега станати светски бренд. Натпреварувачите (студентите) ќе може да учествуваат во тимови составени од 4 учесници, во една од двете категории Case Study и Team Design.
Case Study е категорија која ги тестира Вашите вештини за критичко размислување и теоретско решавање проблеми, во која нашите партнер компании задаваат проблем кој тимовите треба да го решат преку истражување, на најбрз и најефективен начин.
Team Design пак, е категоријата на практични вештини во која ќе треба да ја покажете Вашата креативност и стручност на дело. Тука задачата ќе биде да се состави нешто од понудени материјали кое може да биде решение на реален проблем.
Многу работи се различни оваа година, па така и EBEC годинава ќе има една мала, но важна промена. 
Оваа година ќе имате можност да слушате предавања од нашите партнер компании на теми поврзани со инженерството, а предавачите ќе бидат експерти од компаниите. На овој начин секој кој што е заинтересиран ќе може да учествува, без разлика на тоа дали ќе се пријавите да се натпреварувате во една од категориите или не.

Следуваат уште повеќе информации и изненадувања во наредните недели, затоа следете нѐ на социјалните мрежи за да знаете како точно да се пријавите и што треба Вие да направите за да бидете дел од EBEC 2021!   

  #EBEC2021

Повик за членови на Управен Одбор на Младите можат

Младите можат распишува повик за членови на Управен одбор на Младите можат, управно тело на организацијата. Управниот одбор на Младите можат брои 3 или 5 членови.

Управниот одбор ги има следните права, обврски и одговорности:

  • се грижи да се спроведат статутарните задачи на Здружението, како и одлуките и заклучоците на Собранието.
  • го избира Извршниот директор и членовите на Извршната канцеларија по претходно објавен јавен повик.
  • ја одобрува Годишната програма предложена од Извршниот директор и Извршната канцеларија.
  • разработува и предлага стратешки насоки за развој на организацијата до Извршниот директор и Извршната канцеларија.
  • разгледува, се вклучува во пишување и ја верификува одлуката за подготовка на проектни и други ангажмани.
  • го разгледува Годишниот извештај за работата на Младите можат и дава свое мислење пред да биде достапен до јавноста;
  • предлага измени и дополнувања на Статутот
  • усвојува одлуки и заклучоци кои се однесуваат на политиката на раководење со Младите можат.
  • Донесува правилници за внатрешно работење, верификува спогодби со други организации, меморандуми за разбирање и пристапување кон сојузи на организации
  • право да свика седница на Собранието по барање на 1/3 од вкупниот број членови на Собранието на Младите можат
  • одлучува за финансиското раководење на организацијата во консултација со Извршниот директор;
  • одобрува одлуки за набавка и отуѓување на основните средства;
  • врши евалуација на работата на Извршниот директор и Извршната канцеларија најмалку два пати годишно;
  • одлучува за вклучување на Младите можат во национални и меѓународни мрежи и тела
  • одобрува избор на најдобри понуди на стоки, услуги и работи за потребите на Младите можат
  • ја следи транспарентноста и демократското функционирање на Младите можат;
 

За член на Управен одбор може да биде избрано лице кое исполнува најмалку еден од наведените критериуми:

  • Било дел од структурите на Младите можат;
  • Се јавило во улога на соработник на Младите можат
  • Било професионално ангажирано во Младите можат.

 

Кандидатите за оваа позиција пожелно е да ги исполнуваат и следните услови:

  • Минимум двегодишно искуство во работа со млади;
  • Искуство во креирање на стратешки, годишни и акциски планови на младинска организација;
  • Запознаеност со младинските прашања и потреби во земјата;
  • Познавање на англиски јазик во пишана и говорена форма;
  • Комуникациски вештини и вештини за лобирање;
  • Способност за работа во тим

 

Сите заинтересирани кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да испратат:

  • Кратка биографија
  • Пополнет апликациски формулар (преземи тука)

Членовите на Управниот одбор ги бира Собранието на Младите можат. Мандатот на член на Управниот одбор трае 2 години, со можност за реизбор.

Уредно пополнетите документи кандидатите да ги достават до [email protected] најдоцна до 20.03.2021 (23.59) со наслов “Апликација за член на Управен Одбор”.

*НАПОМЕНА: Функцијата Член на Управен Одбор е на волонтерска основа и за истата не е предвиден паричен надомест.

Направи добро дело – Дарувај крв!

Сојуз на извидници на Македонија како дел од низата активности по повод Светскиот ден на извидниците, 22 февруари, секоја година традиционално организира акција за донирање крв во сорaботка со Црвениот Крст. 
Така и оваа година, акцијата за донирање крв ќе се одржи во малку поинакво издание. 
Со сите превземени мерки, дистанца, маски и голема претпазливост ќе ја реализираме оваа крводарителска акција и ќе направиме добро дело. Ги покануваме сите извидници, пријатели на извидниците и граѓани кои сакаат да даруваат крв и да направат добро дело да дојдат во просториите на младинскиот центар Матично во понеделник 22.02.2017 во периодот од 12:00 до 18:00 часот.
 
НАПОМЕНА: Задолжително е носење на маска (или друга заштитна опрема) и документ за лична идентификација, како и придржување кон актуелните протоколи кои се однесуваат на Ковид-19 пандемијата.
*Овој настан е наменет за оние кои имаат 18 или повеќе години. Доколку некој има 17 години и 6 месеци, а сака да дарува крв може да го направи тоа само со писмена согласност од родител или старател

Обука за рекламирање на Facebook и Instagram

Сакате да ги направите првите чекори во светот на рекламирањето на Facebook и Instagram? Сакате да дознаете:
-кои формати на реклами постојат и која е нивната намeна;
-како се таргетираат корисници;
-како се менаџира со реклами и буџет и
-како можете да ги мерите и анализирате резултатите?
⭕Пријавете се за нашата обука на следниот линк: https://forms.gle/3J4N6CeiAnBiyvGh6
 
👉Пристапот до обуката можете да го обезбедите преку креирање на постови за важноста на општокорисната работа или преку вклучување во активностите на Дневниот центар за деца на улица во Шуто Оризари.
Ги очекуваме вашите пријави.