EBEC 2021 – Европски БЕСТ Инженерски Натпревар

Се надеваме дека останувате позитивни и тестирате негативно бидејќи е време да се подготвите за најдобриот инженерски натпревар – EBEC 2021!
Оваа година БЕСТ Скопје со задоволство Ви го претставува првото виртуелно издание на EBEC кој ќе се одржи од 08.03.2021 до 19.03.2021 и ќе биде во склоп на “Недела на инженерство”. Целта на овој натпревар, како и секоја година е да Ви овозможи на Вас, студентите, забавен начин да ги испробате Вашите инженерски способности како и да се приближите до компаниите во Вашата струка. 
Годинава во услови на пандемија, натпреварот ќе се одржува онлајн, но ќе го задржи форматот на категориите кои се досега станати светски бренд. Натпреварувачите (студентите) ќе може да учествуваат во тимови составени од 4 учесници, во една од двете категории Case Study и Team Design.
Case Study е категорија која ги тестира Вашите вештини за критичко размислување и теоретско решавање проблеми, во која нашите партнер компании задаваат проблем кој тимовите треба да го решат преку истражување, на најбрз и најефективен начин.
Team Design пак, е категоријата на практични вештини во која ќе треба да ја покажете Вашата креативност и стручност на дело. Тука задачата ќе биде да се состави нешто од понудени материјали кое може да биде решение на реален проблем.
Многу работи се различни оваа година, па така и EBEC годинава ќе има една мала, но важна промена. 
Оваа година ќе имате можност да слушате предавања од нашите партнер компании на теми поврзани со инженерството, а предавачите ќе бидат експерти од компаниите. На овој начин секој кој што е заинтересиран ќе може да учествува, без разлика на тоа дали ќе се пријавите да се натпреварувате во една од категориите или не.

Следуваат уште повеќе информации и изненадувања во наредните недели, затоа следете нѐ на социјалните мрежи за да знаете како точно да се пријавите и што треба Вие да направите за да бидете дел од EBEC 2021!   

  #EBEC2021

Сподели на