РЕОБЈАВУВАЊЕ НА ОГЛАСОТ ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ЗДРУЖЕНИЈА И ФОНДАЦИИ

Поради системските пречки на  серверот и веб страната на АМС, Огласот за финансиска поддршка на здруженија и фондации се реобјавува, а рокот на истиот за аплицирање е до 15 декември. 

Врз основа на член 49 став (3) од Законот за здруженија и фондации (“Службен весник на Република Македонија” бр.52/10, 135/11 и 55/16) и Програмата за финансиска поддршка на проекти од областа на младите на младинските организации, организациите за млади и младински  чадор организации за 2021 (Сл. Весник на РСМ бр.8/2021) , Агенцијата за млади и спорт

ОГЛАС за финансиска поддршка на здруженија и фондации

Распределбата на средствата од Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година (Раздел 16101 – Агенција за млади и спорт, Потпрограма 30 – Млади, ставка 463 – Трансфери до невладини организации) наменети за финансирање на програмските активности на здруженија и фондации, ќе се врши согласно Правилникот за определување постапка и утврдување критериуми за доделување средства за поддршка на проекти од областа на младите ( бр. 01- 2683/1 од 06.11.2018 година), Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за  определување постапка и утврдување критериуми за доделување средства за поддршка на проекти од областа на младите бр.12-291/1 од 29.01.2019, 12-2514/3 од 03.11.2019, 12-444/1 од 5.02.2020 година и 122167/1 од 2.11.2021 година, Националната стратегија за млади (2016-2025), Програмата за финансиска поддршка на проекти од областа на младите на младинските организации, организациите за млади и младински  чадор организации за 2021 ( Сл. Весник на РСМ бр.8/2021). Распределбата ќе се врши врз основа на Одлука на директорот на Агенцијата за млади и спорт, на предлог на Комисија формирана од директорот на Агенцијата за млади и спорт.

1. Видови на проекти кои ќе бидат поддржани

Средствата од Буџетот на Агенцијата за млади и спорт во вкупен износ од 1.200.000,00 денари, ќе се користат за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите, преку финансиска поддршка за програми (проекти) на следниов начин:

Вонредна постапка: Финансиската поддршка не надминува повеќе од 300.000 денари од предлог буџетот во проектот, од обезбедените финансиски средства  во вкупна висина од 3.000.000 денари во следниве приоритетни тематски  области:

 Опис на областите
 Младинско учество
 Младинска работа
 Младинско информирање
 Квалитет на живот
 Вработување и поддршка пред вработување
 Здравје
 Култура

За оставрување на  следните цели

 Опис на целите
 Зголемен број на изворни младински иницијативи и здружувања
 Препознавање на младинската работа како клучна алатка за помагање на позитивниот личен и социјален развој на младите
 Достапност и транспарентност на информации од интерес на младите за остварување на нивните потреби
 Обезбедување на квалитетна еколошка средина
  Младите како проактивни и креативни партнери во процесот на надминување на невработеноста
 Младите во креирање и спроведување на културните политики
 Намалување на ризичното однесување и насилсво кај младите

2. Временска рамка и вкупно предвидени/достапни средства

Средствата ќе се доделуваат еднократно за 2021 година. Рокот за реализација на проектот е од 1 до  12 месеци од денот на потпишувањето на договорот со Агенцијата за млади и спорт.

3. Основни организациски критериуми

Основни организациски критериуми кои треба да ги исполнуваат здруженијата и фондациите што учествуваат на овој оглас се:

  1. Да се регистрирани според Законот за здруженија и фондации;

Работат не помалку од една година од денот на нивното регистрирање во Регистарот на други правни лица при Централниот регистар на Република Македонија, пред денот на ојавување на повикот

  1. Да се регистрирани во Регистарот на младински организации, организации за млади и чадор младински организации
  2. Во последниот наративен извештај имаат спроведено минимум 2 активности со или за млади
  3. Работат со млади и чии активности се однесуваат на младите и имаат искуство во реализација на програми или активности со млади на локално, регионално, национално или меѓународно ниво
  4. Спроведуваат активности што се однесуваат на развој на статусот на младите во општеството, остварување на правата и обврските на младите, едукација, унапредување на статусот на маргинализираните групи на млади лица, потикнување на критичната мисла кај младите, потикнување на научни и истражувачки активности кај младите и младинската работа
  5. Не спроведуваат активности кои содржат елемнти на говор на омраза, потикнуваат насилство, меѓуетничка нетрпеливост или дејствуваат спротивно на Уставот и правните норми во Република Македонија

4. Проценка на квалитетот на проектите

Проценката на квалитетот на проектите на здруженијата и фондациите кои ги исполнуваат основните организациски критериуми, ќе се врши врз основа на следните општи критериуми:

Области 
1. Организациски капацитети 
предлог проектот да е во согласност со мисијата и целите на субјектот – предлагач 
1.2. субјектот – предлагач да има соодветно искуство од минимум 1 (една)  година во спроведување на слични проекти или активности 
1.3. Кај субјектот – предлагач да постојат соодветни капацитети (човечки и материјални) кои би биле во насока на имплементација на предложените активности 
1.4. Субјектот – прдлагач да вклучува волонтери во неговата работа при реализација на предлог проектот 
1.5. Субјектот – предлагач да има годишна програма за работа, Стратегија или Акциски план 
2. Квалитет на проектот 
2.1. Релевантност на предлог проектот 
2.2. Ефективност и ефикасност на проектните активности 
2.3. Партиципација на целните групи 
2.4. Одржливост на предлог проектот 
2.5. Очекувани мерливи резултати од предлог проектот 
2.6. Буџетска ефикасност на предлог проектот 
2.7. Производи од проектните активности 
2.8. Видливост на предлог проекот 

Секоја област од специфичните критериуми поврзани со Акцискиот план за имплементација на Националната стратегија за млади на Република Македонија и општите критериуми ќе се вреднува со 0,3, или 5 бодови, со следното значење: 0-не е исполнет критериумот; 3-делумно исполнет и 5- целосно исполнет бараниот критериум.

  1. Потребна документација која здружението / фондацијата треба да ја достави

Здруженијата и фондациите кои учествуваат на огласот треба да достават:

  1. Пријава за финансиска поддршка;
  2. Предлог – проект;
  3. Статут и решение за регистрација на здружението или фондацијата;
  4. Копија од решението за упис во регистарот за младински организации, организации за млади и чадор младински организации
  5. Наративен извештај за изминатата фискална година (2020);
  6. Завршна сметка на здружението или фондацијата за претходната година (2020);

Здруженијата и фондациите не можат да поднесат повеќе од една пријава за финансиска поддршка по огласот.

Напомена: Пријавите со непотполна документација (од точка 6) или пристигнати по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат!

Доставените прилози не се враќаат.

6. Рокот и начин на доставување на пријавите

рокот на истиот за аплицирање е до 15 декември. 

Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку пошта, на адреса:

Агенција за млади и спорт

Сектор млади

Ул. Македонија бр.38

(Палата „Панко Брашнаров“)

1000 Скопје

и да се достават лично во архивата на Агенцијата за млади  и спорт  до 16:00 часот.

Здруженијата и фондациите учесници на огласот ќе бидат известени за резултатите во рок од 10 дена од денот на донесување на Одлуката за распределба на средства од Буџетот на Агенцијата за млади и спорт за 2021 година наменети за финансирање на програмски активности на здруженија и фондаци, преку веб-страната на Агенцијата за млади и спорт.

Пријавата за финансиска поддршка на здруженија и фондации, како и Образецот на Предлог-проектот можете да ги симнете на следните линкови:Оглас 2021 вонреденDownloadОбразец за Буџет DownloadПријава и Предлог проект за финансиска поддршка Download

Прашања за појаснување може да се поставуваат по електронски пат до Агенцијата за млади и спорт, на адреса [email protected] 

ТЕКСТ

“Е-приватност : Како да се заштитиме во дигиталната ера?”

Драги ЕЛСАши,
📢Чест ни е да Ве поканиме на уште една интересна конференција по повод ELSA Day. Оваа година нашето постоење го одбележуваме со тема која што станува се порелевантна – “Е-приватност: Како да се заштитиме во дигиталната ера?
➡️ Како нѐ штити Законот?
➡️ Дали онлајн приватноста е човеково право и со кои механизми за нејзина заштита располагаме ?
➡️ Кои се предизвиците, ризиците и лекциите кои ги откривме со зголемениот прилив на е-купувачи ?
📣 Правото на приватност е загарантирано право на секој граѓанин согласно Уставот на Република Северна Македонија. Модерниот развој на технологијата носи со себе придобивки и олеснувања, но и ризици. Затоа е многу важно сите млади, а особено сите идни правници, да развијат напредна дигитална писменост и познавање на областа на приватност.
Настанот ќе се оддржи со физичко присуство во просториите на Mladi Hub на 1ви Декември со почеток од 15 до 17 часот. 
✔ Доколку сте заинтересирани да се запознаете со сите начини за заштита и справување, вашето учество може да го пријавите на [email protected] најдоцна до 30.11.2021.
Учеството е бесплатно а поради ограничениот број учесници пријавувањето ќе се одвива по принципот first come first served.
Агендата ќе биде наскоро објавена. 
Ве очекуваме!
ЕЛСАшки поздрав! 

Open call for 1 participant for APV in Portugal

Open call for participant for the project -Youth Exchange “Resounding citizenship”. The meeting (and the mobility) will take place at Vila Nova de Famalicão, Portugal.

Attention: For entrance in Portugal, you’ll need to be fully vaccinated and you will have to make PCR test

Dates: 18-21.01.2022

The main goal of this APV: consists of empowering the ability to create connection with youngsters, by addressing the following issues and needs:

– Lack of more inclusive, interesting, effective, attractive non-formal education working tools;

– Lack of knowledge of digital tools/digital approaches for activities in the field of non-formal education;

– Lack of self-awareness in youth workers of their ever-available natural resources as creative and social individuals,

independent from the mastery/possession of specialized content and technical knowledge;

– Lack of a positive and non-sexualized culture of the body as a means of communication and peer to peer connection;

– Identity/cultural distance between youth workers and youngsters;

– Lack of youth participation and sense of active citizenship

Profile of participants:

– Must be over 18 years old.

– youth leaders, youth workers, educators, local community members (parents, teachers, priests, community leaders,…) interested in developing the educational and interventive potential of music and musicality following the methods of non-formal education, and willing to take action as promoters of active citizenship at a community level;

Accommodation:

3 meals per day; breakfast, lunch & supper, warm drinks
in coffee breaks

Food and accommodation is fully covered by the organizers with the support of the European Commission’s Erasmus+ Programme.

Reimbursement:

MAX AMOUNT PER PARTICIPANT: 530 EUR

Deadline for applications: 06.12.2021

Everyone interested should fill in the application form

Participation fee: 600mkd

Проширување на границите на меките вештини, ПАСПОРТ во образованието

Здружението на спортски клубови „Каста Морели Стар“ го координира проектот „Проширување на границите на меките вештини, ПАСПОРТ во образованието“ кој се однесува на корисното влијание на спортските техники како едукативна поддршка во развојот на вештините. Проектот е кофинансиран од Програмата Еразмус + спорт на Европската Унија.

Проектот се спроведува помеѓу јануари 2021 и јуни 2022 година во партнерски конзорциум со Интеркултурната асоцијација за сите во Португалија, Центарот за младински активизам КРИК во Северна Македонија и Здружението за развој на млади и спорт од Турција.

Можностите за вклучување кои ги поддржуваат знаењата, вештините и ставовите стекнати преку неформалното образование играат важна улога во професионалниот развој. Проектот ја поддржува важноста на личните вештини, како основа за специјализирани вештини и развој на основни трансверзални вештини неопходни за секое лице во професионалната обука.

Целта на проектот е да се подигне свеста за додадената вредност на спортот и физичката активност во неформалното образование, како практично решение за развивање на личните вештини.

Проектот како главни активности вклучува:

  • Меѓународен семинар „Спортскиот фокус во образованието“Семинарот ќе поддржи интерактивна рамка на комплементарност помеѓу спортот и неформалното образование, чија цел е да се развијат неформални образовни методи користејќи спортски техники во танцот, шахот, фудбалот, фитнесот и боречките вештини.
  • Локални обуки кои ќе се одржат во Јаши – Романија; Барселос – Португалија; Скопје – Северна Македонија; Сивас – Турција;Локалните обуки имаат за цел да развијат корисна рамка за примена и подобрување на новосоздадената методологија и ќе имаат додадена вредност во развојот преку спортување на основните вештини на младите учесници.
  • Кампања за подигање на свеста „Додадена вредност на спортот во образованието“,

Кампањата ќе се спроведува преку онлајн медиуми, локални работилници и јавни спортски настани во секоја вклучена локална заедница. Кампањата ќе ја нагласи улогата на спортот во образованието, асимилацијата на спортските вредности и создавањето нови можности во елементарниот спорт и неформалното образование.

За дополнителни информации, ве покануваме да ги следите промотивните страници на проектот https://www.facebook.com/youcandanceproject и www.youcandance.org.