
Како нѐ штити Законот?

Дали онлајн приватноста е човеково право и со кои механизми за нејзина заштита располагаме ?

Кои се предизвиците, ризиците и лекциите кои ги откривме со зголемениот прилив на е-купувачи ?

Правото на приватност е загарантирано право на секој граѓанин согласно Уставот на Република Северна Македонија. Модерниот развој на технологијата носи со себе придобивки и олеснувања, но и ризици. Затоа е многу важно сите млади, а особено сите идни правници, да развијат напредна дигитална писменост и познавање на областа на приватност.
Настанот ќе се оддржи со физичко присуство во просториите на Mladi Hub на 1ви Декември со почеток од 15 до 17 часот.
Учеството е бесплатно а поради ограничениот број учесници пријавувањето ќе се одвива по принципот first come first served.