Дебата за млади „Дигитализација во образованието“

Какви можности нуди дигитализацијата на образованието и до каде е стигната дигиталната трансфoрмација на образовниот систем во земјава? Какви електронски алатки и услуги се користат во средно, а какви во високото образование? Дали наставниците, учениците, но и родителите воопшто се подготвени за дигитална трансформација на образованието? Има ли државата стратегија и кои се најголемите предизвици со кои се соочува системот кога во прашање е дигитализирање на образовните услуги и програми?

Ова се дел од прашањата кои ќе бидат опфатени на дебатата во организација на Фондација Метаморфозис на тема „Дигитализација во образованието“ на 16 март (четврток) во Јавна соба во Скопје, со почеток од 18:00 часот.

Настанот е од отворен тип и на истиот се очекува да присуствуваат млади лица. Сите заинтересирани страни се повикани да го пополнат формуларот за регистрација.

Повеќе информации се достапни тука.

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА ОБУЧУВАЧИ НА ТЕМИ ПОВРЗАНИ СО ПРАВНАТА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНА СРЕДИНА

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) за потребите на проектот Младински активизам за позелени општини финансиски поддржан од Европската Унија, објавува ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА ОБУЧУВАЧИ НА ТЕМИ ПОВРЗАНИ СО ПРАВНАТА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНА СРЕДИНА.

МЗМП ќе спроведува тренинг програма за зајакнување на капацитетите на млади адвокати и правници кои имаат интерес и се подготвени да работат на теми поврзани со правната заштита на животна средина.  Тренинг програмата опфаќа целина од меѓусебно поврзани обуки кои ќе овозможат стекнување на знаење и вештини.

Активноста кој е предмет на овој јавен повик вклучува ангажман на обучувачи на теми поврзани со правната заштита на животна средина, кој ќе се спроведе во период од април- јуни 2023 година. За спроведување на обуките е подготвен тренинг курикулум.

Обуките ќе се спроведуваат online на следните теми:

  • Вовед во правото за заштита на животната средина – меѓународни стандарди
  • Национална правна и институционална рамка за заштита на животната средина
  • Правна рамка за квалитетот и заштитата на амбиенталниот воздух
  • Загадувачи и контрола – Надлежности и постапки
  • Зачувување на природата и дивиот свет – Постапки и заштита

Опис и работни задачи на ангажман на обучувачите како и потребни квалификации се достапни на овој линк, на кој воедно можете да пронајдете повеќе информации за повикот.

 

Lublin European Youth Capital 2023 ⎸ Opening Ceremony

Save the date! 📅 Запознајте го Лублин – првата Полска Европска младинска престолнина. Овој шармантен град во делот на југоисточна Полска во голем стил го започнува своето патување како Европска младинска престолнина за 2023 година.

Дознајте зошто Лублин е уникатно и инспиративно место за младите да живеат, работат и напредуваат. Токму бидејќи нема подобар начин да го дознаете градот како таков, придружете се на една прекрасна вечерна церемонија полна со уметнички изведби.

Церемонијата можете да ја проследите директно од Лублин на 16 март 2023 година во 18:00 часот по средноевропско време.

Преносот во живо можете да го проследите на фејсбук и на инстаграм.

Повеќе за Лубин 2023 можете да пронајдете тука.

Повик за младински координатор во Go Green

Go Green објавуваат повик за позицијата младински координатор, за сите млади лица кои се на возраст од 15-29 години и ги поседуваат следните квалификации:

– Познавање на демократски алатки, процеси и младински активизам

– Искуство во младински сектор

– Искуство со работа на проекти и донатори

– Познавање на еколошки теми е предност

– Познавање на на македонски и англиски е задолжително

– Познавање на албански се смета за предност

Сите заинтересирани лица, својата апликација треба да ја поднесат на [email protected] до недела, 26 март до 23:59.

Повеќе информации за повикот како и за самата апликацијата можете да пронајдете тука.