ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА ОБУЧУВАЧИ НА ТЕМИ ПОВРЗАНИ СО ПРАВНАТА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНА СРЕДИНА

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) за потребите на проектот Младински активизам за позелени општини финансиски поддржан од Европската Унија, објавува ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА ОБУЧУВАЧИ НА ТЕМИ ПОВРЗАНИ СО ПРАВНАТА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНА СРЕДИНА.

МЗМП ќе спроведува тренинг програма за зајакнување на капацитетите на млади адвокати и правници кои имаат интерес и се подготвени да работат на теми поврзани со правната заштита на животна средина.  Тренинг програмата опфаќа целина од меѓусебно поврзани обуки кои ќе овозможат стекнување на знаење и вештини.

Активноста кој е предмет на овој јавен повик вклучува ангажман на обучувачи на теми поврзани со правната заштита на животна средина, кој ќе се спроведе во период од април- јуни 2023 година. За спроведување на обуките е подготвен тренинг курикулум.

Обуките ќе се спроведуваат online на следните теми:

  • Вовед во правото за заштита на животната средина – меѓународни стандарди
  • Национална правна и институционална рамка за заштита на животната средина
  • Правна рамка за квалитетот и заштитата на амбиенталниот воздух
  • Загадувачи и контрола – Надлежности и постапки
  • Зачувување на природата и дивиот свет – Постапки и заштита

Опис и работни задачи на ангажман на обучувачите како и потребни квалификации се достапни на овој линк, на кој воедно можете да пронајдете повеќе информации за повикот.

 

Сподели на