Повик за учесници: Регионална програма за младинско лидерство и мобилност 2025–2026
Регионалната програма за младинско лидерство и мобилност (Regional Youth Leadership and Mobility Programme – RYLMP) оваа година ќе се реализира по трет пат. Програмата има за цел да поттикне регионална соработка, критичко размислување и развој на лидерски вештини кај младите од Западен Балкан.
Преку програмата, ќе бидат избрани 7 млади лица – студенти на прв, втор или трет циклус студии, како и лица кои веќе завршиле студии. Избраните учесници ќе имаат можност да учествуваат во размена во Белград, Тирана и Скопје, за чиј ангажман е предвидена стипендија.
Цели и активности
Во текот на размената, учесниците ќе работат на подготовка на policy paper (предлог-документ за јавни политики) на тема поврзана со:
образование,
вработливост,
иселување,
регионална соработка,
дигитална и зелена транзиција.
Програмата овозможува средби со институции, организации и експерти, од кои учесниците ќе можат да добијат релевантни податоци и увиди за подготовка на документот.
Услови и рокови
Работен јазик: англиски
Рок за пријавување: 10 ноември 2025 година
Повикот е достапен тука:
RYLMP Open Call 2025–2026 (PDF)