Јавен повик за избор на младински претставник во Управен одбор на Регионалната канцеларија за младинска соработка за Западен Балкан – РИКО

  • На 04 јули 2016 г. од страна на премиерите од земјите од Западен Балкан (Македонија, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија и Косово) беше официјално потпишана Меѓународната спогодба за формирање на Регионална канцеларија за младинска соработка (РИКО), со седиште во Тирана, Албанија, која започна со работа од 01 јануари 2017 г.
  • Највисоко тело во оваа канцеларија е Управниот одбор составен од 1 владин и 1 невладин претставник од секоја од шесте држави (младински претставник). Изборот на младински претставник ќе биде извршен од Работна група за избор на младински претставник, формирана од Агенција за млади и спорт по доставените пријави на јавниот повик за учество во истата.

  • Младинскиот претставник во Управниот одбор се избира со мандат од три години, без можност за продолжување.

    Работата на Управниот одбор ќе ги опфаќа следниве активности:

    –          Усвојување на тригодишен финансиски план

    –          Усвојување на тригодишен стратешки план и годишни оперативни планови

    –          Усвојување на годишниот извештај на активности на РИКО

    –          Усвојување на годишниот финансиски извештај

    –          Овозможување политичка поддршка за стратешките, оперативните и финансиските планови во Земјите на РИКО

    –          Давање мандат на Надзорниот одбор во соработка со Генералниот секретар да воспостави Работни групи на конкретни теми поврзани со младите, во рамки на мандатот на РИКО

    –          Избор и разрешување на Генералниот Секретар во Секретеријатот

    –          Склучување договори со државите за членство во РИКО

    –          Склучување и прекинување на договори за соработка со државите кои се надвор од РИКО

    –          Воспоставување на Комитет за селекција за процесот за избор на Секретеријатот и националните Канцеларии

    Кандидатот за член на Управен одбор треба да:

    –          Да е државјанин на Р.Македонија со постојано место на живеење во Р.Македонија (копија од лична карта) и копија од државјанство;

    –          Да не е постоечки член на оваа работна група;

    –          Да е на возраст од 18-30 години;

    –          Да достави пополнета апликациската форма и пропратно писмо;

    –          Да достави СV и мотивациско писмо; 

    –          Да достави три препораки за своето искуство поврзано со младински политики.

    –          Да достави номинација од организација која спаѓа во формите на младинско организирање, согласно касификацијата во Законот за младинско учество и младински политики;

    –          Да не е вработен во државна администрација и/или да не е член на управен или надозрен одбор на државна институција (изјава заверена на нотар).

    Кандидатот за член на Управен одбор треба да ги исполнува следните критериуми:

    –          Да има 3 години работно искуство во имплементација и координација на  младински проекти;

    –          Да има одлично познавање на англискиот јазик;

    –          Да поседува одлични комуникациски вештини;

    –          Да поседува преговарачки вештини, вештини за застапување и лобирање;

    –          Искуство во тело за одлучување на младински организации или организации за млади;

    –          Искуство во финансиско, стратешко планирање и изготвување на акциски планови и годишни извештаи;

    –          Менаџирање на проектни тимови, работни групи или младински организации/организации за млади;

    –          Да учествувал во изработка младински политики, стратегии и акциски планови;

    –          Да демонстрира познавање на регионални политики за млади.

    –          Да не е во редовен работен однос и/или ангажиран во државна администрација, како и да не е член на било каков управен или надзорен одбор во државна институција.

    Позицијата младински претставник во Управен одбор на РИКО е неплатена. Трошоците за сместување и пат за учество на состаноците на Управниот одбор ќе бидат покриени од вкупнуот буџет на РИКО.

    Кандидатот за член на Управен одбор на РИКО, потребно е да ги достави следните документи:

    –          Пополнета и своерачно потпишана апликациска форма;

    –          Мотивациско писмо;

    –          Кратка биографија (CV);

    –          3 писма за препорака за докажување на своето искуство

    –          Копија од лична карта

    –          Копија од државјанство

    –          Изјава дека не е во редовен работен однос и/или ангажиран во државна администрација и дека не е член на било каков управен или надзорен одбор во државна институција, заверена на нотар;

    –          Пропратно писмо

    На барање на работната група, може да бидат побарани и други дополнителни документи за верификација.

    Потребно е документите да бидат доставени на електронска адреса [email protected] со наслов „Пријава за младински претставник во УО на РИКО_Име и презиме“, најдоцна до 25.03.2021, 23:59 часот.

    Пријавите кои ќе стигнат по предвидениот рок нема да бидат земени предвид.

    За сите прашања во однос на конкурост, можете да нè контактирате на е-маил: [email protected] и [email protected].

Сподели на