Предавање и работилница на тема „Должности кон себе, одговорности кон другите“

Имаме чест да Ве поканиме на настанот „Како до подобро јас?“, кој ќе се одржи на 6 мај, од 12 до 15 часот, во просториите на #МладиХаб во Штип. 👏
Овој настан го спроведуваме во рамки на месецот на ментално здравје, заедно со здружението на студенти по психологија при Филозофскиот факултет на УКИМ – ЗСП Психеско, со цел да ги поттикнеме присутните да стапат во контакт со себе и да започнат со градење и употреба на ресурси за подобрување и одржување на менталното здравје. 🤝
На настанот ќе се одржат:
🔹 Предавање на тема „Како до подобро јас?“ – на кое ќе биде истакната значајноста на личната добросостојба.
🔹 Работилница на тема „Должности кон себе, одговорности кон другите“ – на која ќе бидат презентирани методи за подобрување на личните капацитети за препознавање и вреднување на соспствената добросостојба, како и начините на кои истата може да се задржи или подобри.
👉 Настанот „Како до подобро јас?“ е наменет за млади лица на возраст над 16 години, со посебен акцент на девојките кои имаат интерес за застапување на сопствените, како и правата на другите на социо-културен план, но и за сите оние кои имаат интерес за психологијата како применета наука и кои сакаат да се подобрат себе си и своите лични капацитети.
Вашето учество можете да го пријавите на следниот линк:

https://forms.gle/f45iQEuSJdQ7jbWE8

📅 6 мај
📌 МладиХаб Штип
⏲️ 12:00 – 15:00 часот

Ве очекуваме‼️

👉 Овој настан е дел од проектот „МладиХаб – надминување на нееднаквоста меѓу младите”, кој го спроведуваат Националниот младински совет на Македонија и Stella Network. Проектот е финансиран од страна на Британската амбасада во Скопје, а целта е да ги поддржи и поттикне девојките и младите жени да бидат поактивни во општеството, да креира поеднаков пристап до можностите во јавниот живот, во приватниот сектор и во процесот на донесување одлуки на локално и национално ниво.

Сподели на