Повик за ангажирање на експерт/ка за креирање на методологија за истражување и спроведување на истражување за студентската перцепција за дискриминација на државните универзитети

Младински образовен форум (МОФ) во рамки на проектот „Студентска перцепција за дискриминација“, поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија, отвора повик за ангажирање на 1 (еден/на) експерт/ка за подготовка на методологија за истражување и спроведување на истражување за студентската перцепција за дискриминација при државните универзитети.

Избраниот кандидат, односно кандидатка, ќе треба да подготви методологија за истражување, како и да го спроведе истражувањето за студентската перцепција за дискриминација при универзитетите „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Државниот универзитет во Тетово, „Св. Климент Охридски“ – Битола и „Гоце Делчев“ – Штип. Селектираниот кандидат/кандидатка треба да изработи 1) анкетен прашалник за студенти и 2) сценарио за фокус-групи со студенти 3) анализа на податоците од прашалникот и фокус-групите и 4) анализа на релевантните акти поврзани со санкционирање на дискриминацијата при универзитетите.

Заинтересираните треба да ја достават својата апликација за ангажманот на електронската адреса [email protected] и [email protected] не подоцна од 07.04.2021 година (среда) 18:00 часот со наслов: Пријава за експерт за методологија и спроведување на истражување на студентската перцепција за дискриминација при државните универзитети.

Во пријавата кандидатите треба да ги поднесат следните документи:

1. Лична биографија (CV) на македонски јазик;
2. Пополнета апликација (Апликација за подготовка на методологија и спроведување на истражување);
3. Финансиска понуда.

Експертот/експертката ќе биде ангажиран/а во периодот април-август 2021 година.

Сите заинтересирани кандидати можат да ја симнат апликацијата за аплицирање тука, и истата да ја приложат со потребните документи.

За дополнителни информации или прашања слободно обратете се на електронската адреса [email protected]

Проектот е финансиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија

Тркалезна маса: Позицијата на младите во пандемијата

Пред самиот крај на годината, соочени со речиси 10 месеци поминати во здравствено-економска криза, сметаме дека повеќе од неопходно е да се отвори јавна дискусија како пандемијата не погоди нас младите и го промени нашиот живот. Затоа ја организираме тркалезната маса Млади во криза: Позицијата на младите за време на пандемијата која ќе се одржи на 9-ти декември (среда) 2020, на платформата Zoom со почеток во 12:30 часот.
Доколку сте млади, средношколци или студенти, сте дел од младински организации, или едноставно ве интересира темата, ве покануваме да се приклучите на дискусијата. Ќе дискутираме за предизвиците со кои се соочуваме во образованието, вработувањето, менталното здравје, учеството, и што властите преземаат за нивно надминување. На тркалезната маса ќе се презентираат податоци за политиките и јавните средства наменети за намалување на негативните ефекти од кризата на младите, како и препораки на младинските организации.
Настанот ќе биде достапен на македонски и албански јазик и ќе биде обезбедено толкување на знаковен јазик.
За да присуствувате регистрирајте се на https://forms.gle/Q8Yjiqz5vXDBpTHv6 пред 8-ми декември, по што ќе ви биде споделен линк за учество.

Агенда на настанот:
12:30 – 12:50 Отворање и презентации на анализи за јавни политики
• Стефани Спировска, модератор, Младински образовен форум
• Виктор Стојкоски, Здружение за истражување и анализи ЗМАИ
Трошење на јавни средства за подобрување на состојбата на младите во пандемијата
• Блажен Малески, РЕАКТОР,
Реализација на јавни политики за млади во текот на кризата
12:50 – 13:15 Воведна дискусија во тркалезната маса
• Ѓорѓи Тасев, посебен советник за млади на Владата на Република Северна Македонија
Позиција на Владата и мерки за поддршка на младите
• Мери Цветковска, ХЕРА, платформа Млади во криза
Улогата на граѓанските организации во застапувањето за младите во криза
• Влатко Костовски (TBC), Национален младински совет на Македонија
Младинското организирање и делување во пандемијата
13:15 – 14:00 Дискусија со учесниците на тркалезната маса
Настанот е организиран од Младински образовен форум во партнерство со Реактор – Истражување во акција и Здружение за истражување и анализи (ЗМАИ), со поддршка од Иницијативата за демократија на Западен Балкан на Фондацијата за демократија на Вестминстер.