МЛАДИТЕ ГИ СЛАВАТ УКАЖУВАЧИТЕ

Младински образовен форум (МОФ) со задоволство Ве поканува на конференција „Младите ги слават укажувачите“, организирана од Регионалната антикорупциска иницијатива, во соработка со МОФ.
🎉 Настанот ќе го одбележи денот на укажувачите.
📢Присутните ќе може да ги увидат искуствата од земјата, но и на глобално ниво, за позицијата на укажувачите. Исто така, ќе можат да слушнат повеќе за канали за откривање и механизми за заштита на укажувачите; каков удел има граѓанското општество за поддршка на укажување преку застапување јавни политики, јавно образование, правна помош и друга поддршка; и значењето на јавната свест, особено на младите, за важноста на укажување во борбата против корупцијата и едукација на јавноста за укажувачите.
📌 Конференцијата ќе се одржи на 13.05.2022 година (петок) со почеток од 11:30 часот во Јавна соба.
✋🏻 Во рамки на самиот настан, учество ќе заземат:
• Томислав Кежаровски, новинар
• Елмерина Ахметај Хреља, експерт за антикорупција, РАИ секретаријат
• Ѓорѓи Лазаревски, укажувач и разузнавач
• Анета Арнаудовска, советник за антикорупција, РАИ секретаријат
• Џерард Рајл, директор на меѓународниот конзорциум на истражувачко новинарство 
• Марк Ворт, експерт за укажување, РАИ секретаријат
👉🏻 Свое присуство ќе имаат и претставници од делегацијата на ЕУ во Северна Македонија и останати организации и институции.
 
____________________________________________
📣 The Youth educational forum (YEF), with great pleasure invites You to the conference “Youth celebrates whistleblowers”, organized by the Regional anticorruption initiative, with collaboration with YEF.
🎉 The event will mark the day of the whistleblowers.
📢 The attendees will have the opportunity to compare the experiences from the country and from abroad, on the position of whistleblowers. They will hear more about channels and protection mechanisms for whistleblowers; how the civil society impacts whistleblowing through public policy advocacy, public education, legal aid and other support to whistleblowers; and the meaning of the public awareness, especially of youth, about the importance of whistleblowing in the fight against corruption and educate the public about whistleblowers.
📌 The conference will be held on 13.05.2022 (Friday) at 11:30 o’clock, in Public room.
✋🏻 On the conference, the following speakers will take part:
• Tomislav Kezharovski, journalist
• Elmerina Ahmetaj Hrelja, Anticorruption Expert, RAI Secretariat
• Gjorgji Lazarevski, whsitleblower and reconnoiter
• Aneta Arnaudovska, senior Anti-corruption Advisor, RAI secretariat
• Gerard Ryle, director of the International Consortium of Investigative Journalists
• Mark Worth, whistleblowing Expert, RAI Secretariat
👉🏻 Representatives of the EU delegation in North Macedonia and other organizations and institutions will also have their presence.

Еко-прашалник: Пријави проблем, вклучи се, биди корисен!

Дали вашата општина има проблеми со управување со отпад или депонии? Проблеми со организирањето на јавните локални простори? Постои недостаток на велосипедски патеки и алтернативна мобилност? Можеби загадениот воздух, почва или загадената општинска вода е нешто што највеќе ве загрижува?

Пријави проблем, вклучи се, биди корисен! Пополни го прашалникот на следниот линк: https://forms.gle/11c5feV1pbghk3iK8

Проблемите во животната средина се повеќеслојни, што влијае на целокупниот квалитет на живот во урбаните и руралните средини. Младински образовен форум во рамки на проектот „Креативна младинска акција за животна средина“ сака да постигне поголемо вклучување на младите, со цел да се ангажираат, солидаризираат и да учествуваат во процесите на своите заедници. Проектот има за цел поттикнување на примена на одржливи активистички практики преку креирање дијалог меѓу различните чинители и заедничко дејствување за решавање на еколошките проблеми во локалните заедници.

Мапираните еколошки проблеми од овој прашалник понатаму ќе бидат дискутирани и со локални организации, локалната самоуправа и бизнис-секторот за пронаоѓање на решение. Во рамки на проектот ќе бидат реализирани 5 локални еколошки акции за мапираните проблеми. Исто така, ќе бидат креирани и документарно-новинарски видеа за процесот на застапување за решавање на проблемите.

Проектот „Креативна младинска акција за животна средина“ се спроведува со поддршка од Фондација Отворено општество Македонија.

Промоција на клучни наоди од три мали истражувања

Младински образовен форум (МОФ) со задоволство ве поканува на промоција на клучните наоди од трите мали истражувања на кои што МОФ работеше изминатите неколку месеци.
Овие три мали истражувања се креирани од три млади истражувачи кои во изминатиот период, со поддршка од нивните ментори, изработија три мали истражувања кои се фокусираат на идеологијата на младите и улогата на образованието, младинското претприемништво како и анализа на новиот модел на студентско организирање. 
Доколку сакате да ја следите презентацијата, потребно е да се регистрирате на следниот линк каде што ќе ви биде испратен мејл со линкот за вклучување. 
(https://forms.gle/SGsPYebr1dCs3N9F7)
Агенда:
12:00 – 12:10 – Воведно обраќање од МОФ и ФООМ
12:10 – 12:40 – Презентација на клучни наоди и препораки од истражувањата
12:40 – 12:50 – Прашања од публика
12:50 – 13:00 – Затворање на настанот
За истражувањата:
1. Улогата на образованието во идеолошките гледишта на младите во Северна Македонија – авторка Јоана Тренеска, ментор Борјан Ѓузелов
2. Анализа на новиот модел на студентско организирање: Искуства на студентските претставници при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје – автор Стефан Видиков, ментор Мартин Галевски
3. Младинско претприемништво: Ограничувања и бариери за отпочнување и раководење со сопствен бизнис (стартап) од страна на младите луѓе – автор Стефан Дојчиноски, менторка Симонида Кацарска
 
Трите мали истражувања се изработени се спроведени во рамки на проектот „Академски стипендии за граѓанско општество“ овозможен со финансиска поддршка на Тематската програма за стипендирање на Фондациите отворено општество – Њујорк преку Фондацијата Отворено општество – Македонија. 
Содржината е единствена одговорност на авторот и не нужно ги одразува ставовите на Фондација Отворено општество – Македонија.

„Cult+Alt+Repeat“ – Културно лето во МОФ

Младински образовен форум и Радио МОФ организираат „Културно лето во МОФ“ кое трае од 29-ти јули до 31-ви август 2021 година. Младите низ повеќе настани ќе имаат прилика да се социјализираат, меѓусебно да се запознаат, да слушнат квалитетна музика од домашни артисти, да научат да цртаат, да дизајнираат на некоја дигитална алатка, да креираат уметност со примена на реупотреблив дизајн, да проследат актуелен филм, да се опуштат со јога итн

Преку Cult+Alt+Repeat, МОФ и Радио МОФ се стремат да го подигнат нивото на информираност на младите, да обезбедат простор за младинска и културна дружба и активизам.

Овој петок ве покануваме на младинска дружба во дворот на МОФ во 19:30 часот, каде ќе имате можност да слушате квалитетна електронска музика од одличниот Крсте Стефановски.

К-Р-К има настапувано на многу локации низ нашите простори – АМОК радио, Noods радио, како и Shortbus. Секаде каде што настапува, остава културен белег и печат за понатамошно развивање и делување помеѓу музичките лавиринти.

Крсте, за себе вели дека ужива во електронска музика, во екпериментирање, во социјализација со интересни луѓе и во миксање на нови песни. Несомнено шармира со својот препознатлив стил и препознатлив избор на музика.

                                                                              Локација: https://goo.gl/maps/QyFiBZfX51qiaAWK8

ФБ-евент: https://fb.me/e/1a5sUi2tt

Повик за ангажирање на експерт/ка за креирање на методологија за истражување и спроведување на истражување за студентската перцепција за дискриминација на државните универзитети

Младински образовен форум (МОФ) во рамки на проектот „Студентска перцепција за дискриминација“, поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија, отвора повик за ангажирање на 1 (еден/на) експерт/ка за подготовка на методологија за истражување и спроведување на истражување за студентската перцепција за дискриминација при државните универзитети.

Избраниот кандидат, односно кандидатка, ќе треба да подготви методологија за истражување, како и да го спроведе истражувањето за студентската перцепција за дискриминација при универзитетите „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Државниот универзитет во Тетово, „Св. Климент Охридски“ – Битола и „Гоце Делчев“ – Штип. Селектираниот кандидат/кандидатка треба да изработи 1) анкетен прашалник за студенти и 2) сценарио за фокус-групи со студенти 3) анализа на податоците од прашалникот и фокус-групите и 4) анализа на релевантните акти поврзани со санкционирање на дискриминацијата при универзитетите.

Заинтересираните треба да ја достават својата апликација за ангажманот на електронската адреса [email protected] и [email protected] не подоцна од 07.04.2021 година (среда) 18:00 часот со наслов: Пријава за експерт за методологија и спроведување на истражување на студентската перцепција за дискриминација при државните универзитети.

Во пријавата кандидатите треба да ги поднесат следните документи:

1. Лична биографија (CV) на македонски јазик;
2. Пополнета апликација (Апликација за подготовка на методологија и спроведување на истражување);
3. Финансиска понуда.

Експертот/експертката ќе биде ангажиран/а во периодот април-август 2021 година.

Сите заинтересирани кандидати можат да ја симнат апликацијата за аплицирање тука, и истата да ја приложат со потребните документи.

За дополнителни информации или прашања слободно обратете се на електронската адреса [email protected]

Проектот е финансиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија

Тркалезна маса: Позицијата на младите во пандемијата

Пред самиот крај на годината, соочени со речиси 10 месеци поминати во здравствено-економска криза, сметаме дека повеќе од неопходно е да се отвори јавна дискусија како пандемијата не погоди нас младите и го промени нашиот живот. Затоа ја организираме тркалезната маса Млади во криза: Позицијата на младите за време на пандемијата која ќе се одржи на 9-ти декември (среда) 2020, на платформата Zoom со почеток во 12:30 часот.
Доколку сте млади, средношколци или студенти, сте дел од младински организации, или едноставно ве интересира темата, ве покануваме да се приклучите на дискусијата. Ќе дискутираме за предизвиците со кои се соочуваме во образованието, вработувањето, менталното здравје, учеството, и што властите преземаат за нивно надминување. На тркалезната маса ќе се презентираат податоци за политиките и јавните средства наменети за намалување на негативните ефекти од кризата на младите, како и препораки на младинските организации.
Настанот ќе биде достапен на македонски и албански јазик и ќе биде обезбедено толкување на знаковен јазик.
За да присуствувате регистрирајте се на https://forms.gle/Q8Yjiqz5vXDBpTHv6 пред 8-ми декември, по што ќе ви биде споделен линк за учество.

Агенда на настанот:
12:30 – 12:50 Отворање и презентации на анализи за јавни политики
• Стефани Спировска, модератор, Младински образовен форум
• Виктор Стојкоски, Здружение за истражување и анализи ЗМАИ
Трошење на јавни средства за подобрување на состојбата на младите во пандемијата
• Блажен Малески, РЕАКТОР,
Реализација на јавни политики за млади во текот на кризата
12:50 – 13:15 Воведна дискусија во тркалезната маса
• Ѓорѓи Тасев, посебен советник за млади на Владата на Република Северна Македонија
Позиција на Владата и мерки за поддршка на младите
• Мери Цветковска, ХЕРА, платформа Млади во криза
Улогата на граѓанските организации во застапувањето за младите во криза
• Влатко Костовски (TBC), Национален младински совет на Македонија
Младинското организирање и делување во пандемијата
13:15 – 14:00 Дискусија со учесниците на тркалезната маса
Настанот е организиран од Младински образовен форум во партнерство со Реактор – Истражување во акција и Здружение за истражување и анализи (ЗМАИ), со поддршка од Иницијативата за демократија на Западен Балкан на Фондацијата за демократија на Вестминстер.