Open call for Swedish Institute Academy for Young Professionals (SAYP) Western Balkans

Шведскиот институт Академија за млади професионалци (SAYP) е обука која има за цел да изгради нови мрежи, знаења и практики за зголемена транспарентност, ефикасност и издржливост во јавната администрација. Програмата воедно има за цел да ги зајакне Вашите индивидуални способности за да ги исполните барањата на модерната структура на управување. Како учесник во SAYP, ќе можете да ги проширите Вашите сопствени мрежи за контакт и да споделувате идеи, искуства и предизвици со други професионалци.

Доколку сте млад професионалец од Западен Балкан и сакате да го продлабочите Вашето знаење за современото одржливо управување, тогаш оваа програма е наменета за Вас.

Програмата е наменета за сите лица кои ги исполнуваат следните услови:

  • Се државјани или жители на една од следните земји: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Србија
  • Имаат добро познавање на англиски јазик
  • Имаат соодветно високо образование (најмалку три години)
  • Се на возраст до 35 години или помлади (роден/а 1988 година)
  • Вашиот професионален профил е релевантен за тематската содржина на модулот по ваш избор и за регионот на Западен Балкан
  • Не сте носители на дозвола за постојан престој во Шведска
  • Вработени сте во една од следните групи:

1. Креатори на политики (политичари, владини функционери, вработени во политички партии)
2. Јавни службеници (неполитички државни службеници кои работат во јавни организации)
3. Работници во граѓанското општество (вработени во ГО/НВО)

Рокот за аплицирање е до 5ти април 2023 година.

Повеќе информации се достапни на овој линк.

 

Сподели на