Вебинар – Дигитален маркетинг за непрофитни организации

Фондација Метаморфозис организира вебинар “Дигитален маркетинг за непрофитни организации” 27.07.2022 (среда) во 10:00 – 13:15 часот. Вебинарот се организира во рамки на проектот “Зголемување на граѓанското учество во Дигиталнaта агенда – ICEDA” ко-финансиран од Европската Унија.

 

Вебинарот е насочен кон градење на капацитетите на граѓанските и други непрофитни организации за правилно користење на дигиталните комуникациски канали и алатки се со цел за поуспешно доспевање до нивните целни групи, подобро застапување за клучни прашања од областите на кои работат, поуспешно спроведување на онлајн едукативни кампањи и кампањи за подигање на свест, како и подобра промоција на организацијата, нивните активности и продукти. По вебинарот, се очекува граѓанските организации да бидат оспособени за да направат чекор напред во нивното позиционирање како чинител во дигиталниот свет и умешно да користат различни методи за да го зголемат нивното влијание во општеството преку онлајн комуникациски канали.

 

Вебинарот ќе биде на македонски јазик и ќе се одвива преку ZOOM платформата. Сите регистрирани корисници ќе добијат линк за влез на ZOOM, а оние кои ќе го проследат вебинарот ќе добијат и сертификати за учество на е-мејл адресите кои ги имаат оставено при регистрација.

 

Сите заинтересирани да го проследат вебинарот се поканети да ја пополнат регистрациската форма најдоцна до 24.07.2022: https://forms.gle/e8TTemuG5DFveygT7

 

Напомена: Заради потребите на проектот, вебинарот ќе се снима и ќе биде објавен на YouTube каналот на Фондација Метаморфозис, по што ќе биде споделуван по социјалните медиуми како корисен ресурс на знаење за пошироката публика.

______________________________________________________________________________________________________________________________________________

Проектот „Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ИЦЕДА“ го спроведува Фондацијата Метаморфозис (Северна Македонија), Академија за е-владееење (Естонија), Levizja Mjaft! (Албанија), Партнери за демократски промени (Србија), НВО 35мм (Црна Гора) и ODK – Oтворени податоци Косово (Косово). Проектот се спроведува со финансиска поддршка од Европската Унија.

 

Сподели на