За оние на кои им е најпотребно: Разговор.мк, Ways2Help и Љубезност во заедничка хуманитарна кампања

Иницијалната идеја зад концептот на апликацијата Разговор.мк е да ја направиме попристапна грижата за менталното здравје за луѓето. Самата апликација е во насока на подобрување на секојдневието на луѓето. Нашата мисија е преку градење на различни софтверски алатки обезбедиме грижа и поддршка за што поголем број на луѓе. За таа цел денес организираме хуманитарна кампања заедно со уште две организации.

Нашата мисија е пристапна грижа за менталното здравје

Како млада и мала компанија, фокусирани сме на креирање на позитивно влијание во општеството. Веруваме дека е важно да помогнеме во развивањето за свесноста за менталното здравје, но и да понудиме поддршка на оние кои им е потребна.

Од нашето досегашно искуство, забележавме дека луѓето на кои им е најпотребна грижа не можат да си ја дозволат. Затоа, пресреќни сме што можеме да објавиме дека ќе соработуваме со организациите како Љубезност и Ways2Help и ќе понудиме психолошка поддршка за луѓето кои доаѓаат од социјално загрозени семејства.

За да ја понудиме таа помош, Разговор.мк заедно со Ways2Help и Љубезност собираме донации кои ќе се искористат за покривање на трошоците за советување на лицата од социјално загрозени семејства со психолози кои се достапни на апликацијата Разговор.мк.

Секоја донација ќе биде дуплирана од страна на Разговор.мк, до максимална сума од 55,000 денари.

Иницијалната цел на оваа кампања е да се обезбедни поддршка и помош од психолог на 20 семејства. Сите семејства се социјално загрозени и Љубезност како организација има процес низ кои ги избира оние кај кои ќе имаме најголемо позитивно влијание.

Заедно до позитивно општествено влијание

Ги повикуваме сите општествено одговори компании, јавноста и сите чинители во општеството да се прикучат во оваа хуманитарна кампања. Заедно да ја овозможиме многу неопходната и потребна психолошка поддршка на сите оние кои доаѓаат од социјално загрозените категории.

Донирајте на сметката:

ЗГ ЉУБЕЗНОСТ – СКОПЈЕ – ПОМОШ И ПОДДРШКА ВО УСЛОВИ НА КОВИД 19

300000004499963

Комерцијална банка

Цел на дознака: Донации за психолошки сесии преку Ways2Help

Сподели на