Како го преживеав Covid 19?: Перспективите на отпорните и адаптивни бизниси за млади

Асоцијација за едукација Младиинфо Интернационал во рамки на проектот Зошто не јас 2.0? (Why Not Me 2.0?) го организира првиот вебинар на 22 април во 16 часот преку ZOOM платформата, на тема: Како го преживеав Covid 19?: Перспективите на отпорните и адаптивни бизниси за млади претприемачи. Говорници ќе бидат млади претприемачи ќе ги споделат своите приказни за водењето бизниси во време на светска пандемија. Говорниците ќе го споделат своето знаење, искуство кои се надеваме дека ќе помогнат и ќе бидат од корист за многу други млади луѓе во С.Македонија кои би биле охрабрени да најдат решенија за адаптација и градење на отпорни идни или тековни бизниси, за време на кризи како што е оваа со Covid – 19.
Говорници на настанот се:
-Игор Изотов – раководител за истражувања AccLab, UNDP ;
-Верица Јорданова – портал inovativnost.mk;
-Драган Јосифовски – директор на paket.mk;
-Виктор Насков – сопственик на бутик хотел Ванила.
Модератор на настанот е Јован Сталевски, ЦЕФЕ Македонија.
Целта на проектот Зошто не јас 2.0? (Why Not Me 2.0?), а со тоа и на самите вебинари кои ќе се организираат е охрабрување на младите луѓе во С.Македонија да започнат свои бизниси, можностите и стимулациите за започнување и водење успешни деловни активности и да ги информира претприемачите кои се почетници за можностите да ги зајакнат и прилагодат своите бизниси кон новонастанатите околности. Проектот Зошто не јас 2.0? (Why Not Me 2.0?) е поддржан од Амбасадата на САД во Скопје

Сподели на