ОТВОРЕН ПОВИК ЗА МЛАДИ КОРЕОГРАФИ ЗА ТАНЦ ФЕСТ

Танц Фест 2021 отвори повик за млади кореографи, чии продукции можат да бидат дел од годинешната програма, која ќе се одржи од 1 до 6 јуни 2021, на повеќе отворени сцени низ градот Скопје.

Право на учество имаат млади кореографи (до 35 години старост), темата и бројот на учесници е според нивен избор. 
Времетраењето на делата не е лимитирано.

Доколку имаат видео од завршена претстава, не постара од 2020 година, треба да ни испратат линк. 
Доколку делото е во процес на создавање, треба да испратат комплетна информација за содржината, број на учесници, времетраење и технички потреби за изведба на делото.

Пријавата треба да содржи:
Наслов на делото
Автор на кореографија
Автор на музика
Автор на сцена
Автор на костими
Автор на видеоматеријали (доколку има)
Имиња на изведувачи
Времетраење на делото
Име на продуцент на делото
Време и место на премиерна изведба
Линк до видео снимка (доколку е завршена претставата)

Вашите пријави испратете ги најдоцна до 27.04.2021 до 16ч., на нашата маил адреса: [email protected]

Изборот на претстави ќе се објави најдоцна до 11 мај 2021.
Одбраните претстави ќе бидат прикажани во програмата на фестивалот, за што ќе се склучи посебен договор со продуцентите на делата.

Непотполни пријави нема да бидат земени во обзир. Сите пријави кои ќе пристигнат по истекот на назначениот рок, нема да бидат земени во обзир.

 

Сподели на