Млади и функционери: Што можеме заедно за Крушево?

Што можеме ние младите да направиме за Крушево? Што можеме заедно со градоначалникот, советниците, политичките партии и други локални фактори?

Да се собереме на едно место и да разговараме за нашите секојдневни проблеми, нивни потенцијални решенија и предлог проекти кои сакаме да се реализираат.

📌 Локација: Летна сцена, Гумење
⏰ Дата и време: 25 јули (сабота) со почеток во 17:30 часот

Оваа работилница е од неформален тип. Ќе започнеме со мало „загревање“ со ди џеј настап. Во 18 продолжуваме со дискусија за проблеми, а потоа и решенија кои ќе произлезат од присутните. На крајот следи закуска и продолжување на дружба со ди џеј.

Гости на настанот ќе бидат екипата на емисијата „360 степени“ кои ќе го проследат настанот и за истиот ќе направат ТВ прилог.

Работилницата е дел од иницијативата Од млади за млади која ја спроведува Sotir Gabeloski, учесник на Академијата за јавни политики.

Крајната цел е да се креира документ со предлог проекти за млади, за потоа младите да лобираат проектите да влезат во годишната програма за работа на општината и предизборните програми на локалните избори.

#ElectoralReforms #ChinMK#ИзборниРеформи #ReformatZgjedhore

Сподели на