Конкурс за дизајн на лого

Конкурс за избор на лого!

Младинскиот центар – Кавадарци објавува конкурс за избор на лого на младинскиот центар. Логото треба да биде оригинално, интересно за младите, да ги претставува младинската работа и младите од локалната заедница. Логото треба да е во формат JPG или PNG. Сите логоа кои ќе бидат примени остануваат во сопственост на младинскиот центар. Логоата кои ќе бидат копирани од други места или постоечки логоа нема да бидат земени во предвид. За најдоброто лого предвидена е парична награда од 6000 денари.

Конкурсот е отворен за сите млади од општина Кавадарци на возраст од 15 до 29 години. Ги повикуваме сите млади кои сакаат да ја изразат својата креативност, а нивното делo во иднина да го претставува Младинскиот центар – Кавадарци да ни ги пратат своите идеи за лого најдоцна до 20ти Август на следниот мејл: [email protected]
За повеќе информации обратете се во Младинскиот центар – Кавадарци, лоциран на последниот кат во зградата над библиотеката Феткин.
Работното време на центарот е од 11:00 до 13:00 и од 16:30 до 21:30 часот.

Сподели на