Повик за младинска размена “Digital Youth“

Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА – Скопје објавува отворен повик за 5 млади лица и 1 младински лидер за Еразмус+ младинска размена „Digital Youth“, која ќе се одржи во Гудевица (Смољан), Бугарија од 9-ти до 19-ти август 2021 година.

Проектот „Digital Youth“ цели кон позитивно влијание на односот помеѓу младинското лидерство, младинската работа и неформалното образование со тоа што ќе им овозможи на младите луѓе кои сакаат да се развиваат во областа на волонтирањето, младинските иницијативи, образованието и социјалната работа со младите да се запознаат со принципите, механизмите и можностите за младинска работа. 

Главната цел на проектот е да им обезбеди на младите широк поглед на полето на инклузија на младите и да создаде позитивен став кон примената на принципите на неформалното учење во развојот на клучните компетенции и личен развој на младите.

Во проектот ќе учествуваат 36 млади луѓе на возраст од 18 до 30 години од С. Македонија, Романија, Италија, Португалија, Хрватска и Бугарија.

Услови за учество:

  • Учесниците треба да се на возраст од 18 до 30 години
  • Младинскиот лидер/ка треба да биде постар/а од 21 година (без краен лимит) и да има искуство со младински проекти и програмата Еразмус+
  • Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на размената
  • Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на проектот, вклучувајќи и активности по проектот
  • Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)

Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (до максимум 180€) се целосно покриени од организаторите. Постои можност и организаторите да го организираат превозот со комбе од Скопје до местото на проектот. Доколку се потребни негативни ПЦР или брзи тестови за влез во Бугарија, трошоците за истите ќе бидат рефундирани од страна на организаторите. Рефундацијата на сите трошоци ќе биде направена за време на младинската размена во кеш во евра.

Одбраните учесници ќе треба да уплатат 600 денари на сметка на здружението како котизација за учество.

Доколку сте заинтересирани да учествувате на младинската размена, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати!

Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Младинска размена во Гудевица“.

 

Сподели на