Отворен повик за 20 млади лица кои ќе учествуваат на обука за обучувачи на теми поврзани со поттикнување конструктивни наративи, соработка, меѓукултурен дијалог, меѓусебно разбирање и доверба

 

Младински образовен форум (МОФ) во партнерство со Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА, во рамки на регионалниот проект “Млади за инклузија, еднаквост и доверба“, отвора повик за 20 млади лица од Општините: Велес, Битола, Струга, Охрид и Гостивар (по 4 од секоја општина), на возраст од 18 до 29 години, кои ќе учествуваат на четиридневна обука за обучувачи на теми поврзани со поттикнување конструктивни наративи, соработка, меѓукултурен дијалог, меѓусебно разбирање и доверба. Обуката ќе се реализира по Y-PEER методологија (врсници обучуваат врсници) со прирачник за обучувачи.

Лицата кои ќе учествуваат ќе се стекнат со знаења за работа со млади и за време на обуката ќе обработуваат теми кои вклучуваат: поттикнување конструктивни наративи, соработка, меѓукултурен дијалог, меѓусебно разбирање и доверба.

Kористејќи ги новостекнатите знаења и вештини, учесниците ќе продолжат да работат со млади во нивната локална заедница со цел споделување на знаењата и вештините преку реализирање на локални работилници за млади во петте општини: Велес, Битола, Струга, Охрид и Гостивар. Работниот јазик на обуката за обучувачи ќе биде македонски, со консекутивен превод на албански јазик и обратно, според потребите на учесниците.

Обуката е предвидена да се спроведе во периодот од 12 до 15 мај 2023 година. Повикот е отворен до среда, 3 мај 2023 година, (23:59 часот).

Пријавете се на овој линк.

Сподели на