Станица: Студентска 8 – целодневен настан наменет за студенти, но и за сите останати заинтересирани млади

По неколку години пауза, на 03.05.2023 година (среда), од 12:00 – 17:00 часот на Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, ќе се одржи Станица: Студентска 8, целодневен настан наменет за студенти, но и сите останати заинтересирани млади.

Предвидени се отворени предавања на интересни и актуелни теми, како вештачка интелигенција, започнување на свој бизнис, права при контакт со полиција, како е да се биде млад автор, како и помирување и градење на мирот во регионот.

Дополнително, ќе се одржат и работилници за цртање на платнени торби, одржување на велосипеди и истражување на пештерите низ нашата земја.

Настанот е во организација на Младинскиот образовен форум (МОФ) и Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO), со поддршка од Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УСС-УКИМ)

Фејсбук настанот можете да го погледнете тука.

 

Агенда за настанот:

I Предавања
ПРВ ДЕЛ 12:00 – 13:00 часот
ПЕРОН 1: Првите чекори за отпочнување на глобален стартап од Македонија – Игор Маџов, Претседател на Стартап Македонија и ко-основач на Nest-Group
ПЕРОН 2: Потенцијали и ризици на вештачката интелигенција и Chat GPT – Проф. Ѓорѓи Маџаров, Професор на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ)
ПАУЗА 13:00 – 13:30 часот
ВТОР ДЕЛ 13:30 – 14:30 часот
ПЕРОН 1: Градење на мир и помирување: Од Украина до Балканот – Проф. Ана Чупеска, Професорка на Правниот факултет „Јустинијан Први“
ПЕРОН 2: Писателствувањето како процес и бидувањето писател во Македонија – Јован Илиески, писател и психолог
ПАУЗА 14:30 – 15:00 часот
ТРЕТ ДЕЛ 15:00 – 16:00 часот
ПЕРОН 1: Права и должности на млади при контакт со полиција – Јанаки Митровски, адвокат
ПЕРОН 2: Спелеологијата и пештерите во Македонија – можност и предизвик за млади истражувачи од различни области – Александар Стојаноски, апсолвент на Институт за географија при ПМФ, спелеолог

II Работилници
12:00 – 14:00 часот
ПЕРОН 3: Велосипедска работилница на отворено – Педала
15:00 – 17:00 часот
ПЕРОН 4: Работилница за цртање на платнени торби – Ана Трајковска, визуелна уметница
12:00 – 17:00 часот
ПЕРОН 5: Саем на организации
15:00 – 17:00 часот
ПЕРОН 6: Chill zone со DJ set

Сподели на