Повик за членови на Новинарски клуб

Младински образовен форум и Радио МОФ го отвораат Повикот за членови на третата генерација на Новинарскиот клуб 🎉
Ако си средношколец кој се мисли дали да се запише на Новинарски факултет, студент кој има што да каже или новинар – аматер ова е Клубот за тебе:
👩‍💼📖 Учествувај на забрзаниот курс по новинарство одржан од наградувани новинари на Радио МОФ.
🎤 Дружи се и учи од менторот на клубот – Огнен Јанески.
✍ Објавувај ги своите интервјуа, текстови, подкасти и видеа на Радио МОФ.
Пријави се со пополнување на Формуларот достапен на линкот – https://forms.gle/E9MULX6LTnLGqLSw5
Повикот е отворен до 7 ноември (недела), 23:59 часот.

Сподели на