Повик за директор на Семос академиии

Растеме, се шириме, ако дојдеш и ти, чуда ќе направиме.

Иновативни, храбри, брзи, технолошки напредни и обединети кон реализирање на заедничка цел – создавање магија.

Позиција: Директор на Семос Академии

За Семос Академиите

Семос Академии се подбренд на Семос Едукацијакомпанија која постои 26 години и нуди услуги на локално и интернационално ниво. Овие Академии се според официјална светски призната литература од најпознатите IT брендови: Microsoft, Adobe, Autodesk, Unity, CertNexus и дел од нив се акредитирани од страна на Министерството за образование и наука на РСМ. Посетителите на овие Академии доаѓаат заради 3 причини: сакаат да започнат нова кариера, да направат промена на својата кариера или да се доедуцираат во веќе постоечката кариерна насока. Низ годините заедно со нашите слушатели креиравме голем број на успешни приказни. Дел од Семос Академиите (www.semosedu.com.mk) постојат 15 години.

Директор на Семос Академии

Опис

Директорот на Семос Академии ќе биде одговорен за 15 Академии, нивниот развој, менаџирање и етаблирање на пазаротСето ова ќе го прави преку координација на сите аспекти на Академиите и ќе работи секојдневно со лицата одговорни за продажба и развој на истите, како нивна поддршка.

Апликантите за оваа позиција треба да бидат лица кои имаат одлични менаџерски вештини развиени при водење на луѓе и проекти. Decision maker, насочени кон резултати и развој. Интерперсонални и комуникациски вештини на високо ниво.

А ти:

  • Ќе ги следиш глобалните трендови и технологии во развојот на неформалните едукативни програми

  • Ќе развиваш стратегија за унапредување на портфолиото на Академиите преку утврдување на потребите на пазарот за едукација

  • Ќе планираш нови иновативни продукти

  • Ќе управуваш со работата на нашите 15 Академии за програмирање, дата анализа,

    дигитален маркетинг, човечки ресурси, вештачка интелигенција итн. и ќе се грижиш за доследно спроведување на наставната програма и квалитетот на наставата

  • Ќе работиш на промоција и унапредување на јавниот имиџ на Академиите, постојано присуство на социјалните медиуми и обезбедуваш соработка и партнерства со компании и физички лица

  • Ќе одговараш за реализација на бизнис целите и обезбедуваш профитабилна работа на

    Академиите:

  • Ќе одговараш за ефикасно секојдневно работење и управување со сите аспекти на Академииите, вклучително и управување со бизнис и маркетинг активностите, финансиите и професионален развој на вработените

  • Ќе ги планираш работните распореди и развиваш планови за подобрување на успешноста на Академиите

  • Ќе превземеш лидерска улога во развој на интернационална репутација на Академиите

  • Ќе бидеш вклучен/а во процесот на продажба на производите

  • Ќе бидеш одговорен/а за изработка, управување и реализација на годишен буџет и бизнис план

  • Ќе обезбедуваш поддршка на вработените и предавачите во Академиите

  • Ќе работиш на воспоставување и одржување на клучните индикатори за успешноста на Академиите

  • Ќе работиш на воспоставување на процедури и процеси во Академиите

    Ако си:

  • Искусен професионалец од ИТ индустријата или образовна институција со искуство 5+ години

  • Знаеш да управуваш со бизнис процеси и луѓе

  • Имаш здрава бизнис логика, но знаеш и креативно да размислуваш

  • Размислуваш во насока на иднината и креираш успешна стратегија

  • Имаш практично знаење во лансирање на нови производи

  • Го разбираш новиот концепт на промовирање на услуги преку дигитален маркетинг/социјални медиуми

  • Работиш со современи технологии

  • Знаеш англиски и активно возиш

    Ние може да ти ветиме:

  • Интересно и динамично окружување

  • Можност за континуирано учење (обуки, сертификација)

  • Бонуси по остварен резултат

  • Флексибилно работно време

  • Можност за работа и од дома

  • Пријателски и поддржувачки тим кој е секогаш отворен за размена на знаења и заедничко учење

    Пиши ни на [email protected] до 15 Август ако сакаш да ни се придружиш. Се гледаме!

Сподели на