ПОВИК ЗА ЕКСПЕРТ ЗА ПРОМОЦИЈА НА СРЕДНОШКОЛСКИ ПРОЕКТИ

Здружение ЛЕАД во рамки на проектот UpShift отвора повик за експерт за промоција на 15 средношколски тимови кои креираат социјални иновации за справување со штетните последици од загадениот воздух

ПОЗАДИНА НА ПРОЕКТОТ

UPSHIFT е програма за социјални иновации која се базира на решавање на потребите на средните училишта и локалната заедница во делот на климатските промени и заштита на животната средина.

Програмата ги вклучува младите во општествените процеси со тоа што им дава водство во поглед на идентификација на проблемите во нивната заедница, и потоа заедно со заедницата создава решенија, услуги или производи со кои се адресираат тие проблеми. Овој пристап фокусиран на корисиникот им овозможува на младите да развијат критичко размислување и да се стекнат со вештини, кои можат да се применат во сите области на животот.

Програмата UPSHIFT ја реализира Здружението Лидери за едукација, активизам и развој (LEAD) во рамки на проектот „UPSHIFT-ers for air quality“ спроведуван од УНИЦЕФ со финансиска поддршка од Шведска и Фондот за иновации и технолошки развој на РСМ.

Програмата, преку 3 циклуси вклучува 150 средношколци, во 30 средношколски тимови кои дизајнираат решенија и се натпреваруваат за 120.000 денари и менторска поддршка за имплементирање на своите решенија. Од вклучените средношколски тимови, вкупно 15 тимови добиваат можност за спроведување на дизајнираните решенија.

ОПИС НА РАБОТНИОТ АНГАЖМАН

Во рамки на овој повик, бараме лице кое ќе биде активно вклучено во промоција и видливост на работата на 15 средношколски тима во јавноста и во промоција на нивните креирани crowdfunding кампањи за прибирање на дополнителни средства од заедницата за развој на нивните иновации.

Поконкретно, работниот ангажман вклучува:

  • Развивање и спроведување на стратегија за промовирање на средношколските тимови во заедницата, зголемувајќи ја видливоста и поддршката за нивните проекти во јавноста;
  • Креирање на визуелни содржини за промоција на средношколските тимови и нивните проекти;
  • Објавување содржини на социјалните мрежи за промоција на средношколските тимови и нивните проекти;
  • Промоција на креираните crowdfunding кампањи на средношколските тимови за прибирање на дополнителни средства од заедницата за развој на нивните иновации;

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА РАБОТНИОТ АНГАЖМАН

Работниот ангажман предвидува вкупно 36 работни денови, во периодот април – јули 2024 година. Работните денови за секој месец во предвидениот период ќе бидат договорени во координација и комуникација со проектниот тим.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

Критериуми за избор:

  • Универзитетска диплома во областа на новинарство, комуникации, маркетинг, бизнис администрација или поврзана област или завршена соодветна академија;
  • Најмалку 3 години релевантно работно искуство;
  • Развиени вештини за дигитален маркетинг и e-mail маркетинг.
  • Развиени комуникациски вештини и способност за интеракција со разновидна група на засегнати страни;
  • Одлични вештини за пишување и креирање содржини.

Пожелни критериуми:

  • Искуство во работа со млади и со граѓански организации;
  • Познавање на младинските трендови во земјата;
  • Познавање и искуство со crowdfunding како алтернативен модел на финансирање;

Компетенции за позицијата:

  • Способност за приоретизација на обемот на работа и работа со конкретни рокови;
  • Способност за преземање на иницијатива и работа под минимална супервизија;
  • Способност за планирање, реализација и следење на активности.

НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕТО

Аплицирањето за позицијата се врши со испраќање на:

  1. Кратка биографија (CV);
  2. Мотивациско писмо и
  3. Финансиска понуда за работниот ангажман со надомест по ден.

Потребните документ треба да се испратат на [email protected] најдоцна до 31.03.2024, со назнака „[UpShift] Апликација за експерт за промоција на средношколски проекти“.

Сподели на