Повик за учество на младинска размена „Лица на миграција“ во Словачка

Младинскиот центар Кавадарци има отворен повик за млади за учество на младинска размена која ќе се одржи во Словачка во Долни Кубин.

Главен фокус на размената ќе биде миграцијата и на тоа како младите се прилагодуваат на нормалниот живот во одредена земја.

25 млади (5 од секој земја) од 5 европски земји (Германија, Полска, Португалија, Северна Македонија, Словачка) ќе учествуваат на оваа размена.

Учесниците ќе бидат на возраст од 16 – 18 години.

Размената ќе се реализира од 17-ти до 24-ти Април, 2023 година. 

Сите заинтересирани можат да се пријават на овој линк.

Сподели на