Oбука за медиуми и претставници на младински организации

Младински Сојуз Kрушево организираат Обука за медиуми и претставници на младински организации „Градење на двонасочна комуникација – Информации и податоци за млади, како ги комуницираме?“ која ќе се одржи во Скопје од 16 – 18.02.2023 во хотел “Queens” во ТЦ Зебра во Капиштец.

Притоа, сите патни трошоци и трошоци за сместување и храна ќе бидат покриени од наша страна.

Сметаме дека соработката меѓу младите, младинските организации и медиумите е клучна за популаризација на младинските прашања и за креирање на стратегија за заедничко делување и комуникација. Оттука обуката ќе вклучи 10 преставници на медиумите и 10 претставници на младинските организации.

Сите заинтересирани можат да се пријават [email protected]

Сподели на