Повик за членови и Претседател на Управен одбор на ЦМА КРИК

Повик за членови и Претседател на Управен одбор

Според член 26 од статутот на ЦМА Крик, здружението објавува повик за Членови и Претседател на Управниот одбор на Здружението.

Членовите на Управниот одбор ќе се гласаат на одржувањето на годишното собрание на ЦМА Крик. Годишното собрание ќе се одржи на 14.03.2024 година со почеток во 12:00 часот во просториите на Мултифункционалниот центар Крикни во населба Црниче, во седиштето на организацијата.

Доколку сте биле член на ЦМА КРИК изминатите 2 години и сте заинтересирани да бидете дел од Управниот одбор, аплицирајте на следната електронска пошта [email protected] со вашата кратка биографија и мотивационо писмо. Наведете дали аплицирате за член или Претседател на Управниот одбор.

Рокот за аплицирање е 10ти март 2024 година.

Што значи Управниот одбор во Крик?

Според, Член 26 од Статутот на Крик, Управниот одбор:

Член 26

Управувањето на организацијата во периодот меѓу две седници на Собранието го врши Управниот одбор и го сочинуваат пет члена.

Управниот одбор го избира Собранието како највисок орган.

Член на Управниот одбор може да биде лице кое е деловно способно и е активен, полноправен член на Здружението најмалку две години.

Членовите на Управен одбор не добиваат финансиски надомест за својата работа во рамките на одборот.

Член 27

Управниот одбор за својата работа одговара пред Собранието.

Работата на Управниот одбор се регулира со посебен Деловник кој се усвојува со мнозинство гласови од вкупниот број од неговите членови.

Мандадот на членовите на Управниот одбор е 2 години со можност за реизбор.

Управниот одбор се состанува најмалку еднаш на три месеца, а по потреба и почесто.

Состанок на Управниот одбор ги свикува и води Претседателот на Управниот одбор. УО е должен да го најави состанокот минимум 7 дена пред негово одржување.

Во отсуство на претседателот, состанокот го свикува и води член на Управниот одбор кој е избран од останатите членови.

Управниот одбор може полноправно да работи и одлучува доколку на состанокот присуствуваат повеќе од половина од членовите на УО.

УО одлучува со мнозинство гласови од присутните членови.

За секој одржан состанок на УО задолжително се води записник, кој се објавува и испраќа до членовите на Здружението по електронски пат откако ќе биде усвоен, како и во Годишниот извештај за работата на УО.

Член 28

Собранието може да го отповика Управниот одбор или одредени негови членови и пред истекот на мандатот со мнозинство од вкупниот број гласови на собранието доколку оцени дека истите не ја извршуваат својата должност во согласност со одредбите на овој Статут, односно со одлуките на Собранието или по сопствено барање или во случај на околности според кој даден член на Управниот одбор не е во можност да ја извршува својата функција.

Член 29

Членовите на Управниот одбор во секое време треба да се водат според целите и интересите на здружението.

Кои се надлежностите на Управниот одбор на Крик?

Според Член 30 од Статутот на ЦМА КРИК, надлежностите на Управниот одбор се:

Член 30

Управниот одбор на Здружението ги има следниве надлежности:

– го следи спроведувањето на Статутот, Стратегијата и Програмата на Здружението,

– се грижи за работењето и имотот на организацијата,

– мониторира и прегледува имплементација на одобрените годишни средтства и ако е возможно прави нивна измена,

– ја разгледува завршната сметка и ревизорскиот извештај и ги поднесува за усвојување пред Собранието,

– собира и алоцира нови средства,

– поднесува нови проекти

– развива политика која ја претставува пред Собранието,

– рапортира пред Собранието за имплементација на одобрените одлуки,

– суспензира и исклучува членови согласно Член 11,

– поднесува годишни извештаи за својата работа пред Собранието и

– врши други работи во согласност со Статутот и актите на Здружението 

Сподели на