Повик за членови на Генерално собрание на Центар за младински активизам ЦМА Крик

Повик за учество на Генерално собрание на Центар за младински активизам ЦМА Крик

Почитувани членови,

Според член 20 од статутот на ЦМА Крик, здружението објавува повик за одржување на годишно собрание на ЦМА Крик. Годишното собрание ќе се одржи на 14.03.2024 година со почеток во 12:00 часот во просториите на Мултифункционалниот центар Крикни во населба Црниче, во седиштето на организацијата.

Што значи Собрание на ЦМА КРИК? Член 19 од Статутот на ЦМА КРИК

Член 19

Собрание

Собранието на Здружението е негов највисок орган, кое го води Претседателот на Собранието, а во неговата работа учествуваат сите членови, но право на глас имаат само полноправните членови.

Кои се обврските кои членовите на Собранието на Крик ги имаат? Член 25 од Статутот на ЦМА КРИК.

Член 25

Собранието на Здружението ги има следните надлежности:

– донесува Статут, програма и други акти,

– усвојува годишен извештај за работа и финансиски извештај и го објавува на огласната табла на својата интернет страница,

– доставува финансиски извештај до надлежниот орган на државната управа, односно до органот на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје во случаите кога користи средства од Буџетот на Република Македонија, односно буџетите на единиците на локалната самоуправа,

– одлучува за промена на целите на Здружението,

– одлучува за внатрешната организација и организационите форми на органите на Здружението,

– избира и разрешува членови на органите,

– одлучува за статусните измени на Здружението,

– одлучува за престанок на Здружението со двотретинско мнозинство гласови од сите членови на Здружението и

– врши други работи во согласност со Статутот и актите на Здружението.

 

На ова собрание можност за учество имаат полноправни и придружни членови на организацијата. Според статутот, видовите на членство се дефинирани на слениов начин:

Член 17

Постојат две категории на членување, односно полноправно и придружно.

Полноправниот член има право на еден глас за време на Годишното Собрание, има право да биде биран во органите на Здружението, да учествува во работата на Здружението. Полноправниот член редовно плаќа членарина.

Придружниот член може да присуствува на Годишното Собрание при што нема право на глас. Придружни членови се симпатизери на организацијата или гости. Придружниот член не плаќа членарина.

Услови за полноправен член на Крик:

Активно да придонесува во работата на организацијата минатата година. Активно придонесување се смета било која од следните активности (може и само 1 од опциите на пример опција 1 или опција 2):

Опција 1 Активно учество на активностите на Крик

-Да бил дел од минимум учество на 3 настани, 1 програма/обука и да спровел минимум 1 активност како дел од програмата на Крик.

Што е настан? Еднодневна активност која трае неколку часа. Тематиката е различна врз основа на планираните активности.

Што е програма/обука? Едукативна активност од повеќе денови каде постои едукативна програма која се презентира до учесниците. Оваа едукативна активност може да биде Ерасмус + обука или некоја обука која се случувала на локално или национално ниво спроведена од страна на Крик.

Што значи спроведување на 1 активност? Целосно самостојно планирање на минимум еден еднодневен настан (може и повеќе настани, обуки, работилници) кои лицето го организира од почеток до крај.

Опција 2 Вработување во Извршната канцеларија на Крик

-Да биде вработен/хонорано ангажиран во Крик минимум 3 месеци

Доколку ги исполнувате условите ве молиме пополнете ја следнава апликациска форма:

Форма за пријава

Сподели на