Oтворена позиција за 1 ESC волонтер во ЕКЕ Битола (in country volunteering

Имаме отворена позиција за 1 ESC волонтер во ЕКЕ Битола (in country volunteering – активности на волонтирање кои се извршуваат во истата земја каде што е базирана непрофитната организација или проектот).
Европскиот Солидарен Корпус (ЕСК) има за цел да поттикне солидарност во европското општество, со ангажирање на млади луѓе и организации во достапни и високо квалитетни активности на една од акциите поддржани од самата програма.

  1. Активности на Волонтерот за подготовка на графички дизајн 
  • Создавање дизајн-креирање на визуелни содржини за социјални медиуми, флаери, постери, банери, инфографици итн.
  • Развивање и креирање на логоа, шеми на бои и типографија
  • Волонтерски Ангажман од 30 до 34 часа неделно.
  1. Активности на волонтерот за менаџирање на социјални медиуми 
  • Развивање и креирање на содржини за социјалните медиуми;
  •  Следење на најновите трендови на социјалните платформи;
  •  Умешност во користењето на различни платформи за социјални медиуми (како што се Facebook, Twitter, Instagram, LinkedIn, YouTube и TikTok).

Дополнителни можности и активности:

  • Организирање и поддршка на локални работилници, запознавање со Erasmus+ програмата;
  • Подготовка и водење на локлани работилници;
  • Простор за учење на административните работи;
  • Проектен менаџмент и логистика

Услови:

  • Физичко присуство за волонтерскиот период од 7 месеци во Битола (работа од канцеларијата на ЕКЕ Битола, адреса: Белрадска 27)
  • Возраст од 18 до 30 години
    Познавање на Англиски јазик
  • Можност за започнување со волонтерскиот ангажман помеѓу 1.04.2025 1.06.2025 година.
  • Трошоците за храна, пат и сместување (во период од 7 месеци) ќе бидат покриени од ЕКЕ Битола. Сместувањeто ќе биде во стан за кои ќе бидат покриени сметките. За селектираниот волонтер предвидена е финансиска поддршка во износ од 14.000 денари месечно за џепарлак и за храна (вкупно: 240 евра).

InfoPack: Најдете повеќе информации на инфо-пакетот достапен на овој ЛИНК

Доколку сакате да аплицирате за оваа волонтерка можност, ве молиме испратете мејл на [email protected] да закажеме онлајн разговор.



Сподели на