10 работилници на тема „Сеопфатно сексуално образование“

ССО е важно за младите да стекнат соодветни вештини за носење одлуки, да се почитуваат себеси и да ги почитуваат другите и да креираат здрави врски без злоупотреба и насилство;
ССО е важно за младите да добијат информации и знаење кои ќе им помогнат да носат одлуки врз база на информации. Земајќи ги предвид овие факти, ЦМА Крик во периодот од февруари до мај 2021 ќе имплементира младинска програма на оваа тема. Младинската програма е составена од циклус од 10 работилници на тема „Сеопфатно сексуално образование“, а е наменета за млади лица со попреченост од Државно училиште за деца и младинци со оштетен вид Димитар Влахов -Скопје и млади лица со типичен развој. Онлајн работилниците ќе бидат имплементирани од младински работници кои се сертифицирани за врсничка едукација. Учеството е бесплатно

💻#Kаде: Microsoft Teams платформа
📅#Кога: секој петок, ⏰:14:00 часот
Доколку сте заинтересирани да учествувате, Ве молиме пополнете ја следнава апликациска форма: https://cutt.ly/sj01vwr
Рок за аплицирање: 03.02.2021
ℹ️ Доколку имате потреба од дополнителни информации следете го линкот https://cutt.ly/pj01Rzb или контактирајте не на: [email protected].

Повик за учесници на тема “Истражи ја Македонија” во специјалните училишта

Центарот за младински активизам ЦМА Крик објавува повик за учесници на тема “Истражи ја Македонија” во специјалните училишта.
Младинските програми опфаќаат циклус од 10 работилници кои се имплиментираат еднаш неделно во период февруари до мај 2021. Целта на младинските програми е зголемување на социјалната инклузија на младите лица со попреченост и градење на еднакво, демократско и инклузивно општетсво.
Работилниците опфаќаат едукативни, креативни и забавни активности кои се наменети за млади лица со попреченост (млади лица со интелектуална попреченост, млади лица со оштетен говор и слух и млади лица со аутистичен спектар на нарушување) и типичен развој, а кои ќе се имплементираат за учесниците во специјалните училишта:
– ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“
– Инклузивен центар „Дружење без граници“ кој функционира во рамките на Приватното средно училиште САБА
Работилниците се реализираат онлајн.
Аплицирајте на овој линк!
 
Рок за аплицирање: 30.01.2021

Повик за информативни групи

Центар за младински активизам ЦМА Крик Ве поканува на информативна група на која ќе бидат дискутиран процесот на подготовка, праќање и примање на млади лица со попреченост на активности во рамки на Erasmus+ програмата. 💡
📅 #Koга: 30.11.2020 (понеделник), со почеток во 13:00 часoт
📍 #Каде: Microsoft Teams платформа 
🔜 На настанот ќе присуствуваат младински работници, координатори на европски образовни програми и мобилност и едукатори кои имаат искуство во работа со млади лица со попреченост.
Информативната група е дел од KA2 проектот “ALL Inclusive – Overcoming barriers to participation”, кој се спроведува во партнерство со младински организации од Финска, Италија, Романија и РС Македонија, а е финансиски поддржан од Финската Национална агенција.
Поради ограничен број на учесници, Ве молиме пријавете се со пополнување на следната форма најдоцна до 27.11.2020 година.
Доколку имате било какви прашања, Ве молиме контактирајте не на: [email protected].