Главната цел на проектот е да придонесе кон постигнување социјална и културна инклузија на лицата со попреченост преку мобилност и неформално образование. На краткорочно ниво, проектот има за цел да им понуди знаење, вештини и можности за патување на младите со попреченост, да ја поттикне нивната мотивација да работат на нивната лична независност и да придонесат за нивниот социјален и личен развој.





