Повик за учество на хакатон

Студенти!

Повик за учество на хакатон

Младинскиот oбразовен форум (МОФ) во рамките на проектот “Студентска акција за дигитализирани образовни услуги”, поддржан од Фондација Метаморфозис преку проектот за Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ICEDA, ко– финансиран од Европската Унија, ве повикува да учествувате на студентски хакатон на кој ќе се изработуваат решенија, предлози и идеи кои ќе придонесат кон дигитализација на услугите во рамки на високото образование.

Целта е студентите да придонесат во подобрување на работата на факултетот/универзитетот каде што студираат, да ја унапредат состојбата со студентското организирање или да им овозможат полесно справување со административните процедури на универзитетите. Идеите кои ќе се разработат на овој хакатон треба да им помогнат на студентите да влијаат на одреден проблем од високото образование.

Хакатонот ќе се одржи на 25, 26, и 27 февруари 2022 година. Предност ќе се даде на студенти што студираат на факултети од областа на технички и информатички науки. Учеството на дипломирани студенти и магистри по информатички науки е дозволено и охрабрено.

Пријавувањето е индивидуално или во тимови. Доколку се пријавите индивидуално, МОФ го задржува правото да ве распореди по тимови. Тимовите треба да се состојат од 5 студенти. Учесниците ќе имаат можност да работат под менторство на искусни програмери и да се здобијат со знаења во областа на програмирањето.

Тимот што ќе ја изработи најдобрата идеја ќе добие финансиска поддршка од 1000 евра со цел да ја направи алатката спремна за употреба за институциите на МОН. Ќе имаат и можност да го презентираат продуктот на јавна дебата во која ќе учествуваат претставници од Министерство за образование и наука, студенти и младински организации.

Пријавувањето трае до 15 февруари 2022.

Форлумарот за пријавување е на следниот линк.

Секој студент го пополнува формуларот индивидуално, дури и ако се пријавува како дел од тим. Во формуларот треба да се објаснат дигиталните решенија кои би сакале да ги разработите и програмерските вештини кои ги поседувате. За учесниците што доаѓаат надвор од Скопје, ќе биде обезбедено сместување и ќе бидат покриени патните трошоци.

Доколку имате дополнителни прашања обратете се на: [email protected] или [email protected]

Сподели на